Пита со месо

Пита со месо

Подгответе пита со месо која сите ќе ја обожаваат…

Состојки:

  • 500 гр кори за пита
  • 350 гр јунешко мелено месо
  • 3 главици кромид
  • магдонос
  • сол
  • бибер
  • пипер
  • 1 дл масло
  • 1 пакување кисела павлака
  • 2 дл кисела вода
  • 4 јајца
  • 1 дл масло

Начин на подготовка:

  1. Испржете ситно сечкан кромид на масло. Додајте го месото, посолете, побиберете и додајте пипер по вкус. Пржете 10-15 минути и повремено мешајте. При самиот крај месото посипете го со ситно сечкан магдонос.
  2. Во намастен плех ставете две кори па посипете со подготвеното месо. Повторувајте ја постапката додека не го потрошите материјалот, завршете со две кори и исечете ја питата на коцки. Разматете јајца со павлака, кисела вода и масло и прелијте ја питата.
  3. Оставете ја питата околу 15 минути сè убаво да впие. Печете четириесетина минути во загреана рерна на 200 степени.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт