Баклава без кори со јогурт: Наједноставниот рецепт!

Баклава без кори со јогурт: Наједноставниот рецепт!

Идеален десерт кој ќе го обожавате…

Состојки:

  • 100 гр мелени ореви
  • 100 гр суво грозје
  • 1 чаша јогурт
  • 1 мала шолја масло
  • 3 мали шолји млеко
  • 3 мали шолји брашно
  • 3 мали шолји гриз
  • 1 прашок за пециво

Состојки за сируп:

  • 400 гр шеќер
  • 500 мл вода
  • сок од еден лимон

Начин на подготовка:

  1. Во вангла ставете ореви, суво грозје, јогурт, млеко, брашно, масло, гриз, прашок за пециво и сè добро измешајте.
  2. Ставете ја смесата во намастен плех. Загрејте ја рерната на 180 степени. Печете во загреана рерна, додека горната страна не добие златна боја околу 30 минути. Исечете во саканиот облик.
  3. За сирупот: шеќерот добро разматете го со вода и додајте сок од еден лимон и оставете да врие 5 минути.
  4. Напомена: Ако наливате со изладен сируп, баклавата мора да биде жешка – ако наливате со врел сируп, баклавата мора да биде изладена.

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Чоколадна баклава

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта