Сендвичарата „7ца“ со нови цени – Погледнете ги тука

Сендвичарата „7ца“ со нови цени – Погледнете ги тука

Читатели на Gotvi.mk не информираа и ни испратија сметки дека од пред извесно време легендарниот ланец на фаст фуд сендвичарници „7“ има нови цени на сендвичите.

Станува збор за зголемување на цените за 10 денари. Така, хамбургер или комбиниран сега се продаваат по цена од 140 денари, чизбургер 160 денари итн.

Наша екипа беше во една од сендвичарниците и се увери во новите цени, но и во препознатливиот долг ред на луѓе кои чекаат да купат и да уживаат во вкусот на омилените сендвичи.

Разговаравме со дел од купувачите кои ни рекоа дека „7ца“ има и понатаму одлична цена на своите производи, особено ако се земе во предвид големината на сендвичот, како и специфичниот и неодолив вкус.

Ова е прво покачување на цените после 4 години. До 2012 година хамбургерот се продаваше по цена од 120 денари, а од 2013 до почетокот на 2017 година по цена од 130 денари.

Целото мени и ценовник можете да го погледнете ТУКА

Инаку, fast food „7“ годинава ќе прослави 30 години од своето основање. „7ца“ има свои локации во скопските општини Центар, Аеродром и Карпош, како и скара ресторан спроти Т.Ц. Палома Бјанка во Скопје.

ФОТО: Fast food „7“

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Флеки од мастило или тонер – Потребна ви е само 1 намирница и ќе ги извадите

БЕСПЛАТНО: Домашни средства за чистење флеки и перење на облека

Оставете ги децата да си играат во трева – Има евтин рецепт кој ги вади флеките

Чини само 1 денар – Рецепт со кој ќе ги освежите боите на алиштата

Ви смрдат патиките? Еве кои лекови ги предлагаат читателите

Кулинарски трик – Употребете ја оваа намирница и маслото нема да ви загорува при пржење

Едноставен трик со кој ќе ги избркате мувите од вашиот двор и балкон

ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса