Мини шницли во зеленчук

Мини шницли во зеленчук

Вкусно јадење кое брзо се подготвува!

Состојки:

  • 800 гр свински шницли исечени на коцки
  • 2 моркови
  • 2 главици кромид
  • 2 компири
  • сол
  • бибер
  • масло
  • сув зачин

Начин на подготовка:

  1. Исчукајте ги шницлите, посолете ги и оставете ги да отстојат 15 минути.
  2. Потоа исечете ги на поголеми коцки и пропржете ги на малку масло.
  3. Извадете ги од тава па во маслото додајте крупно сечкан зеленчук.
  4. По десетина минути вратете ги шницлите и продинстајте ги со зеленчукот. Додајте малку вода.
  5. Динстајте уште петнаесетина минути додека компирите и месото не бидат готови.

На здравје!

Повеќе на Готви.мк:

Градинарска пита – направете вкусен фамилијарен ручек за помалку 150 денари

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

Рецепт за вистински пица деликатес

Полнети печурки – лесен рецепт кој сите ќе ви го бараат

Палачинки за гурмани