Сончоглед погача по рецептот на баба

Сончоглед погача по рецептот на баба

Вкусна, мирисна и неодолива. Токму таква е погачата по рецептот на баба…

Состојки:

  • 1 кг брашно
  • 100 мл масло
  • 100 гр путер
  • 2 јајца
  • сол
  • 1 лажица шеќер
  • 20-30 гр квасец

Начин на подготовка:

  1. Потопете го квасецот во малку млака вода и додајте 1 лажица шеќер. Кога ќе се растопи додајте 1 јајце, млеко, масло, брашно, сол. Замесете средно тврдо тесто. Кога тестото ќе биде глатко покријте го со фолија и крпа и оставете го на топло да нарасне.
  2. Нараснатото тесто ставете го на работна површина и поделете го на 11 топчиња. Пет топчиња развлечете со големина на пречникот на тепсијата. Секое развлечено топче намачкајте го со омекнат путер и наредете ги едно преку друго, освен последното кое не се премачкува туку само се преклопува преку четвртата.
  3. Со нож исечете на четири делови, па на 8 и секој агол свиткајте го од надвор. Потоа на ист начин подгответе ги и останатите пет топчиња (погледнете на сликата).
  4. Погачата премачкајте ја со јајце и посипете со семки кога погачата малку ќе порасне. Печете на 180 степени 40-45 минути.

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Рецепт за леб кој не се меси

Тазе домашен леб

Полнет запечен леб

Домашниот леб на мајче Вера

Домашен леб со маслинки

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)