Селски компири од рерна со сос од павлака и лимон

Селски компири од рерна со сос од павлака и лимон

Компирите печени во лушпа се најслатки, а сосот од павлака и лимон доаѓа како шлаг на торта.

Состојки:

  • 1 кг компир
  • 3 лажици маслиново масло
  • сол
  • бибер
  • 1/2 лимон
  • 200 гр кисела павлака
  • 1 лажичка мед

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 180 степени. Плехот обложете го со хартија за печење. Компирите измијте ги и исушете ги. Ставете ги во рерна и печете ги околу 50 минути.
  2. За сосот прво исцедете лимон и измешајте го со кисела павлака, мед, сол и бибер по вкус.
  3. Кога компирите ќе се изладат излупете ја кората само на врвовите и внимателно со лажица направете дупчиња. Ставајте сос во дупчињата.
  4. Послужете со главно јадење или како предјадење.

Добар апетит!

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство