ТАЈНАТА НА ФИТ ЛИНИЈАТА: Овие 3 намирници треба да ги јадете секој ден

ТАЈНАТА НА ФИТ ЛИНИЈАТА: Овие 3 намирници треба да ги јадете секој ден

Според зборовите на нутриционистите, овие три намирници би требало да ги воведете во својата секојдневна исхрана како би биле што поздрави, а тие ќе ви помогнат и во одржувањето на линијата.

Овесна каша

Било да ја правите со млеко или вода, таа е евтина, а покрај тоа можете да ја јадете во секое годишно доба. Исто така, во неа можете да ставите овошје, јаткасти плодови, јогурт, мед, чиа, семки од тиква, путер од кикирики, парчиња темно чоколадо, пишува Men’s Health.

Овој доручек е преполн со здрави масти и протеини, поради што ќе бидете полни со енергија, но и сити до ручек.

Варени јајца

Тие се извор на нискокалорични висококвалитетни протеини, кои исто така ќе ви пружаат ситост. Нив можете да ги комбинирате во рамки на избалансираниот доручек, но и како здрава ужина во текот на работниот ден, како не би посегнале по нездрави грицки.

Кефир

Кефирот е преполн со пробиотици, здрав квасец, витамини, минерали и хранливи состојки, а некои го нарекуваат и „магично млеко“. Тој го чисти телото и дигестивниот систем, ги елиминира лошите бактерии, штити од вирусни инфекции и го подобрува имунолошкиот систем, а докажано го подобрува здравјето на кожата и косата, што е секако дополнителна предност.

Повеќе на Готви.мк:

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Диетален појадок што ќе ве држи сити

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Како да ослабете според хороскопскиот знак?