Викенд временска – не чека пресврт

Викенд временска – не чека пресврт

Времето  во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Облачноста ќе биде поизразена во јужните делови од земјата. Ќе дува слаб претежно северен ветер. Претпладне по одделни котлини ќе има ниска облачност и можна појава на ретка магла.

Утринската температура ќе се движи од минус 15 до минус пет, а дневната од минус два до пет степени.

Во Скопје изутрина ќе има услови за појава на слаба магла, а преку денот времето ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб претежно северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус 10, а дневната ќе се искачи до два степена.

Во следните денови ќе се задржи стабилно и суво време со пониски утрински температури, додека дневните ќе бидат повисоки за два до пет степени.

Од почетокот на наредната работна недела ќе има извесно зголемување на облачноста и повисоки утрински температури.

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

Неговото височество: Топло – ладен колач

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

Брз колач со јаболка

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Најдобар рецепт за домашен чизкејк

Чоко кокос коцки