Помек колач не сте пробале во животот! (ВИДЕО)

Помек колач не сте пробале во животот! (ВИДЕО)

Старски рецепт за совршен десерт кој се прави за 20 минути.

Состојки:

  • 2 чаши (од 200 мл) брашно
  • 2 чаши гриз
  • 1 чаша шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 прашок за пециво

Состојки за фил:

  • 1,5 кг јаболка
  • 1 чаша шеќер
  • 5 гр цимет
  • 1 ванилин шеќер
  • 150 гр маргарин

Начин на подготовка:

  1. Вклучете ја рерната на 180 степени, а додека се грее, исчистете ги и изрендајте ги јаболката. Додајте им шеќер, ванилин шеќер и цимет, сè измешајте па оставете да отстои додека ги подготвите сувите состојки.
  2. Измешајте брашно, гриз, ванилин шеќер и прашок за пециво. Добро премачкајте плех (димензии 30х20) со маргарин. На дното посипете третина од сувите состојки, па преку нив со лажица редете половина од смесата со јаболка. Смесата со јаболка ставајте ја заедно со сокот кој го пуштиле.
  3. Преку тоа повторно ставете третина суви состојки, па остатокот од јаболката и преку нив остатокот од сувите состојки.
  4. Исечкајте маргарин на тенки плочки, па наредете ги од горе. Ставете го колачот да се пече околу 40 минути на 180 степени.
  5. По 40 минути извадете па проверете дали колачот е мек, ако сеуште е многу мек, вратете го во рерна уште 10 минути. Откако ќе се создаде крцкава кора, питата е готова.
  6. Изладете, исечете на коцки, посипете со шеќер во прав и послужете.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

Неговото височество: Топло – ладен колач

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

Брз колач со јаболка

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Најдобар рецепт за домашен чизкејк

Чоко кокос коцки