БРЗО И ЛЕСНО: Поховани пиперки полнети со сирење и шунка

БРЗО И ЛЕСНО: Поховани пиперки полнети со сирење и шунка

Еве идеја за лесен ручек…

Состојки:

  • 3 јајца
  • 7-8 пиперки
  • 100 гр презла
  • 100 гр брашно
  • сол
  • 200 гр сирење
  • 150 гр шунка Пекабеско

Начин на подготовка:

  1. Пиперките испечете ги на плотна, па исчистете ги и извадете ги семките.
  2. Јајцата разматете ги па малку посолете ги како и пиперките.
  3. Во тенок круг шунка ставете сирење и преклопете. Така ставајте во пиперките. Пиперките извалкајте ги во брашно, јајца, па во презла.
  4. Пржете во длабоко масло додека не поруменат од двете страни. Вадете ги на хартиена салфета.
  5. Послужете и уживајте во прекрасниот вкус.

Повеќе рецепти на Готви.мк

ВИДЕО: Брзи готварски трикови за совршени тестенини

Направете домашен песто сос со тестенини

Совет: Не ја фрлајте, искористете ја водата во која варите тестенини

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

ВИДЕО: Шпагети aлполи

Италијанско предјадење за цело семејство

Ориентални шпагети

Медитерански фусили

Јуфки трио формаџо