Крем компир пире со лук

Крем компир пире со лук

Лукот на ова пире му дава феноменална арома!

Состојки:

  • 8 компири
  • 1 главица лук
  • 1 лажица + 1 лажичка сол
  • 1 1/2 шолја млеко
  • 100 гр путер

Начин на подготовка:

  1. Компирите излупете ги и исечете на 4 делови долж, па сите делови преполовете ги. Во длабок сад ставете ги компирите и лукот, па прелијте со вода, околу 8 чаши, така што водата ќе ги прекрие компирите за околу 2 см. Додајте и лажица сол.
  2. Гответе додека не почне да врие, а потоа намалете ја температурата и гответе додека компирите не омекнат во водата која струи, околу 25 до 30 минути.
  3. Процедете ги компирите и ликот, па вратете ги во садот во кој се вареле. Загрејте на средна температура околу минута-две, додека не се исушат, па тргнете ги од рингла.
  4. Во помало тенџере згответе млеко и со него прелијте ги компирите. Додајте путер и лажичка сол. Изгмечете ги компирите додека не добиете кремасто пире.

Добар апетит!

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

singlepost_text