Деновиве студ потоа изненадување со времето

Деновиве студ потоа изненадување со времето

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од снег во југоисточниот дел од земјава, а во крајниот југоисток врнежите ќе бидат од дожд и снег. Во попладневните часови врнежите насекаде ќе престануваат и во текот на денот ќе се намалува и облачноста. Ќе дува слаб до умерен ветер, а долж Повардарието повремено и засилен ветер од северен правец.Утринската температура ќе се движи од минус шест до два, а дневната од минус три до четири степени.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди особено во претпладневните часови. Ќе дува умерен повремено и засилен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се спушти до минус три, а дневната ќе се искачи до еден степен.

Од четврток облачноста постепено ќе се намалува. Утринските температури ќе бидат во опаѓање и најниски се очекува да бидат под минус 10, а дневните за време на викендот ќе бидат во благ пораст. Во недела се очекува насекаде да бидат позитивни и да се движат од нула до пет степени.

Повеќе на Готви.мк:

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта