СТАРСКИ ДОРУЧЕК ЗА СТУДЕНИТЕ УТРА: Јадење од три состојки кое сите го сакаат!

СТАРСКИ ДОРУЧЕК ЗА СТУДЕНИТЕ УТРА: Јадење од три состојки кое сите го сакаат!

Мазалица е стар заборавен доручек кој веројатно барем еднаш во животот сте го пробале. Се прави од три состојки (јајца, сирење и млеко), а поради подобар вкус се додава малку путер, сол и брашно.

Состојки:

  • 4 јајца
  • 5 лажици сирење
  • 1/2 л млеко
  • малку путер
  • сол
  • 1 лажичка брашно

Начин на подготовка:

  1. Во длабока тава или тенџере ставете половина литар млеко (ова е мера за 4 лица), па додајте малку путер и оставете млекото да зоврие. Во смесата додајте околу 5 лажици сирење и оставете уште малку да крчка. Додека смесата врие додајте 4 разматени јајца и малку сол.
  2. Не заборавајте полека да мешате. За смесата да биде густа и глатка додајте една лажичка брашно која ќе ја ставите па ќе ја измешате во кашата.
  3. Целиот процес на подготовка на овој доручек трае околу 10 минути.

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт