Ви пренесуваме рецепт за ќофте од мелено месо и ориз во црвен доматен сос. Уживајте во готвењето!
Состојки:
- 500 гр мелено месо (мешано, говедско, пилешко)
- 1 средна главица кромид
- 3 чешниња лук
- 1 јајце
- 100 гр ориз
- 1 лажичка пипер
- 2 лажички сув зачин
- сол
- малку бибер
Состојки за сос:
- 1 л варени домати
- 400-500 мл вода
- 1 дл масло
- 1 полна лажица брашно
- сол и шеќер по вкус
Начин на подготовка:
- Кромидот и лукот ситно исечкајте ги и додајте мелено месо. Додајте и ориз, јајце, зачини, можете да додадете и исечкан магдонос, измешајте со раце и обликувајте мали топчиња.
- Во големо тенџере ставете масло и брашно кратко да се пропржи, додајте варен домат и вода, гответе и мешајте додека не зоврие и потоа ставете ги ќофтињата.
- Гответе на блага температура, сосот полека да крчка околу 45 минути, потоа посолете и додајте шеќер. Гответе уште 3-4 минути и тргнете го од шпорет. Послужете со пире, варен или печен компир, ориз или некоја тестенина.
- Уживајте во секој магичен залак на овој домаќински ручек!
ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна