ДОМАШНО, БРЗО И ВКУСНО: Ролат готов за само 15 минути!

ДОМАШНО, БРЗО И ВКУСНО: Ролат готов за само 15 минути!

Кој уште сака да поминува часови и часови во кујна, кога совршените десерти можат да бидат готови и за 15 минути?

Еве еден таков рецепт – ролат готов за само 15 минути. Брзо и едноставно се подготвува, а вкусот е совршен!

Состојки:

  • 1 шолја јогурт
  • 1 шолја шеќер
  • 2 јајца
  • 1,5 шолја брашно
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • џем од сливи, јагоди или по желба

Начин на подготовка:

  1. Веднаш вклучете ја и загрејте ја рерната на 250 степени. 
  2. Разматете јајца, ванилин шеќер и постепено додавајте шеќер, па јогурт и на крај измешано брашно и прашок за пециво. 
  3. Тепсијата обложете ја со хартија за печење, потоа ставете ја смесата и печете 5-10 минути. 
  4. Печената кора извадете ја заедно со хартијата и свиткајте ја така во влажна чиста крпа. 
  5. Свиткајте ја во ролат. Оставете ја така да стои, а потоа отстранете ја хартијата па повторно свиткајте. 
  6. Ролатот така чувајте го 10 минути, потоа филувајте го со џем и повторно свиткајте го и оставете го да се излади и да стегне. Посипете со шеќер во прав.

 

Послужете и уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

Десерт готов за 20 минути

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

Топ 10 највкусни Gotvi.mk рецепти со печурки

singlepost_text