Ракија, полнета охридска пастрмка, тавче гравче, пастрмајлија, сарма, зелник и тулумба, се „специјалитетите“ кои ги наведува Кауфер во блогот, квалификувајќи ги како „храна која ќе разговара со вашиот стомак и ќе биде песна за вашата душа“.
– Велика Британија е преполна со кулинарски задоволства од целиот свет, но ако ги прашате луѓето на улица што би ви понудиле за вечера, најверојатно ќе добиете тестенини, пица, хамбургер или кари. На дланка имаме неверојатни странски кујни. За жал, не сме слушне за нив. Јас сум во мисија да истакнам некои од моите омилени во светски рамки, а ќе почнам со помалку познатата Македонија, истакнува Кауфер.
Македонската храна, додава, е под влијание на Медитеранот и Блискиот Исток, изобилува со вкусови и разновидност но, истовремено е скромна.
– Многу рецепти се подготвувани на ист начин со векови, се пренесувале од колено на колено преку старите обичаи и тајни кои денес ни се лесно и веднаш достапни, пишува блогерката.
Целиот текст на Лишаи Кауфер може да се прочита на http://www.huffingtonpost.co.uk/lishai-kaufer/macedonian-food-is-a-hidd_b_14242948.html.
БЕСПЛАТНО: Домашни средства за чистење флеки и перење на облека
Оставете ги децата да си играат во трева – Има евтин рецепт кој ги вади флеките
Чини само 1 денар – Рецепт со кој ќе ги освежите боите на алиштата
Ви смрдат патиките? Еве кои лекови ги предлагаат читателите
Кулинарски трик – Употребете ја оваа намирница и маслото нема да ви загорува при пржење
Едноставен трик со кој ќе ги избркате мувите од вашиот двор и балкон
ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса