Пилешки крилца на скара

Пилешки крилца на скара

За месото да биде сочно и пикантно, пред печењето ставете го во маринада.

Состојки:

  • 1 кг пилешки крилци
  • 50 мл масло
  • малку сок од лимон
  • 2 лажици сенф
  • 6 чешниња лук
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Прелијте ги крилцата со мешавина од масло, сок од лимон, сенф, сечкан лук, сол и бибер, па оставете ги да отстојат во фрижидер најмалку 2 часа.
  2. Измешајте ги во неколку наврати.
  3. Извадете ги крилцата од маринадата, малку процедете ги, па ставете ги на скара и испечете ги.
  4. Скарата мора да биде добро загреана за месото добро да се испече.

 

Повеќе на Готви.мк:

Градинарска пита – направете вкусен фамилијарен ручек за помалку 150 денари

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

Рецепт за вистински пица деликатес

Летен појадок кој ќе го правите секој ден

Полнети печурки – лесен рецепт кој сите ќе ви го бараат

Палачинки за гурмани

Одлична комбинација: Таљатели со сланина, л