ВКУСНО: Погачици кои се топат во уста!

ВКУСНО: Погачици кои се топат во уста!

Викенд е, многумина од вас имаат вишок време да го поминат со своите домашни, па ви предлагаме да зготвите едноставни и превкусни погачици.

Состојки:

  • 1 кг брашно
  • 250 гр маргарин
  • 400 гр сирење
  • 1 лажичка сол
  • 1 јајце
  • 1 квасец
  • 100 мл вода

Начин на подготовка:

  1. Ставете го квасецот да надојде во 100 мл млака вода. Потоа додајте брашно, додајте сирење, маргарин и сол. Замесете тесто и оставете го 30 минути да нарасне. 
  2. Потоа растегнете го тестото што потенко, па свиткајте го во ролат. 
  3. Оставете го уште 10 минути, па повторно растегнете го тестото. 
  4. Вадете погачици со чаша и редете ги во намастен плех, премачкајте ги со разматено јајце и ставете ги да се печат 30 минути на 200 степени.

 

Уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула