Мафини со ореви и јаболка

Мафини со ореви и јаболка

Мафините се прават едноставно и брзо, а многу се вкусни!

Состојки:

  • 100 гр путер
  • 2 јајца
  • 2 дл павлака (или јогурт)
  • 6-7 лажици млеко
  • 200 гр шеќер
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 250 гр брашно
  • 1 кесичка прашок за пециво
  • 3 изрендани јаболка
  • 100 гр крупно сечкани ореви

Начин на подготовка:

  1. Путерот пенасто разматете го со ванилин шеќер и обичен шеќер. Постепено додавајте јајца, павлака и млеко.
  2. Со лажица додавајте изрендани јаболка и добро измешајте. Измешајте прашок за пециво со брашно и полека додајте го смесата, лажица по лажица.
  3. Во калапи за мафини ставете корпички за печење и во нив ставете ја подготвената смеса. Ставајте една лажица смеса, во средината ореви и од горе уште смеса.
  4. Печете 20 минути на 200 степени.

Послужете и уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

Десерт готов за 20 минути

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

Топ 10 највкусни Gotvi.mk рецепти со печурки