Рецепт за највкусниот хот-дог (ВИДЕО)

Рецепт за највкусниот хот-дог (ВИДЕО)

Овој рецепт можете да го направите за доручек, вечера или како оброк за ручек, навистина е сјаен и сите ќе го обожаваат.

Состојки:

  • 150 гр проино брашно
  • 150 гр бело брашно
  • 200 мл млеко
  • 1 јајце
  • малку сол
  • малку прашок за пециво (на врв на нож)
  • 7-8 виршли
  • 1 лажица брашно
  • масло за пржење
  • стапчиња за ражничи

Начин на подготовка:

  1. Во сад ставете ги двете брашна, прашокот за пециво и солта и добро измешајте. Додајте јајце и млеко и убаво изедначете. Сè ставете во длабока чаша во која мора да собира виршла.
  2. Виршлите исчистете ги од пластичната фолија, па извалкајте ги во брашно и навлечете ги на стапче со толкава должина да ги собира во тава. Ако стапчињата се предолги, скратете ги.
  3. Маслото загрејте го, а виршлите полека ставете ги во чашата со смеса и извлекувајте ги надвор и спуштајте ги во маслото.
  4. Пржете ги од двете страни. Вадете ги на хартиена салфета.
  5. Виршлите послужете ги топли со кечап или со што и да сакате.

Повеќе на Готви.мк:

Посно: Палачинки без зејтин

Палачинки за 3 минути

Палачинки со мед и ореви

Американски палачинки по врвен, а едноставен рецепт

Палачинки на кои не можете да им одолеете

Џиновска блага палачинка

 

 

singlepost_text