Ражничи од пилешко месо со јаболка

Ражничи од пилешко месо со јаболка

За наредниот ручек ви предлагаме вкусни ражничи!

Состојки:

  • 500 гр пилешко бело месо
  • 200 мл јогурт
  • 2 лажици сечкан магдонос
  • 1 лажичка сол
  • 1/2 лажичка бибер
  • 1/2 лажичка ѓумбир
  • 2 лажици балсамико
  • 2 јаболка
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Во јогуртот додајте сечкан магдонос, сол, бибер, ѓумбир и пилешко месо исечкано на коцки. Маринирајте го месото околу 2 часа на студено место. Стапчињата за скара потопете ги во вода и оставете ги да отстојат дваесетина минути.
  2. Јаболката излупете ги, па исечете ги на мали коцки.
  3. Месото и јаболката наизменично редете ги на стапчињата, дополнително зачинете, премачкајте со балсамико и масло.
  4. Печете на загреана грил или тефлонска тава. Вртете ги стапчињата за месото да се испече рамномерно од сите страни.
  5. Послужете со салата и уживајте!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Домашен рецепт со кој повеќе нема ни да помислите на цвекло од тегла

Релаксирајте се: Чај кој ги опушта мислите и мускулите

Смути на денот: Моркови во чаша

Чајот од шипка како лек

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

singlepost_text