НАПРАВЕТЕ САМИ: Домашен сок од портокал и лимон (ВИДЕО)

НАПРАВЕТЕ САМИ: Домашен сок од портокал и лимон (ВИДЕО)

Рецепт за домашен сок од портокал и лимон, со преубав освежувачки вкус.

Состојки:

  • 1,5 до 2 кг портокали
  • 4 големи лимони
  • 800 гр шеќер
  • 3 кесички лимонтус
  • 5 л вода
  • 6 лажички сода бикарбона и 3 лажички сол (за миење на овошјето)

Начин на подготовка:

  1. Овошјето натопете го во млака вода во која сте додале сода бикарбона и сол. Оставете го така да стои најдолго 2 часа, потоа овошјето измијте го под млаз вода и сечете го на помали парчиња. Ако во портокалот и лимонот има коски, извадете ги.
  2. Исечканото овошје ставете го во лонец и налијте го со 2 л вода. Ставете го да се вари додека не зоврие и тогаш тргнете го од шпорет.
  3. Сега е потребно се да измешате да се создаде кашаста маса, тоа можете да го направите со миксер или блендер.
  4. Во измешаната каша додајте шеќер и лимонтос, налијте со остатокот од водата и оставете да преноќи.
  5. Кога ќе дојде времето да се процеди земете голема цедилка. Процедете и ставете ја течноста во чисти шишиња. Затворете ги со капачиња и чувајте ги во фрижидер.
  6. Ако сметате дека сокот нема да го испиете во рок од десетина дена, еден дел ставете во пластични шишиња и чувајте го во замрзнувач.

Повеќе вести на Готви.мк:

Вистински специјалитет – Бургер од растурено пилешко со барбекју сос

Салата која летово ќе ја правите секој ден

Англиски погачици со чедар – ќе ги правите во секоја прилика

Полнети тиквички по најдобар рецепт

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

singlepost_text