Бомбици од бело чоколадо и лимон

Бомбици од бело чоколадо и лимон

Вкусните бомбици можете да ги посипете со кокос, шеќер во прав, сусам, лешници…

Состојки:

  • 220 гр бело чоколадо
  • 5 лажици путер
  • 3 лажици слатка павлака
  • малку сол
  • 1 лажичка екстракт од лимон
  • за посипување искористете кокос, шеќер во прав, лешници, сусам (по желба)

Начин на подготовка:

  1. Растопете на пареа путер и чоколадо и додајте слатка павлака, многу малку сол и екстракт од лимон и сè добро измешајте.
  2. Ставете ја смесата во фрижидер добро да стегне околу два часа. Од изладената смеса правете бомбици и посипете ги со кокос, шеќер во прав, сечкани лешници или сусам.

Уживајте!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Ќе ве врати во детството: Омилениот десерт на сите генерации

Десерт готов за 20 минути

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат