Следуваат обилни врнежи од снег – ќе паѓа со денови

Следуваат обилни врнежи од снег – ќе паѓа со денови

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно и релативно студено со повремени врнежи од снег. Повеќе врнежи се очекуваат во јужните делови од земјава. На крајниот југоисток врнежите ќе бидат од дожд и снег.

Утринската температура ќе се движи од минус шест до еден, а дневната од нула до пет степени.

Во Скопје слично време, претежно облачно со повремен снег. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до два степена.

Во наредните два дена, среда и четврток, времето ќе биде облачно со пообилни врнежи од снег. Повеќе врнежи се очекуваат во среда кон крајот на денот и во четврток претпладне во јужните и во југоисточните делови од земјава кога ќе има и значителен пораст на снежната покривка за 20 до 30 сантиметри. Температурата во овие денови ќе биде без поголеми промени и ќе се движи во интервал од минус четири до четири степени.

Од петок се очекува стабилно и суво време со благ пораст на дневната температура.

Повеќе на Готви.Мк

Вистински пица деликатес

Ултра брзи пица мафини

Вегетаријанска пица

Пица а ла Бица

Домашна пица

Домашна пица капричиоза

Посно и вкусно: Фурнарини за 1 минута

singlepost_text