Кременадли во сос со бибер

Кременадли во сос со бибер

Со овие пикантни кременадли ви предлагаме свежа салата и варен компир како прилог.

Состојки:

  • 4 кременадли
  • 2 лажици масло
  • сол
  • бибер
  • 200 гр неутрална павлака
  • 100 мл бело вино
  • 150 мл супа
  • влашац
  • 2 лажици шарен бибер
  • 1 лажички капар од тегла

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 120 степни. Кременадлите испржете ги во тава на врело масло 1-2 минути од секоја страна. Кога ќе ги извадите од тава, ставете ги во тепсија, побиберете и посолете, па печете ги на решетка за грил во рерна 20 минути.
  2. Исечкајте влашац што поситно. Кратко пропржете на маснотијата од пржењето. Додајте бело вино и супа и гответе 5 минути.
  3. Додајте павлака, па сосот процедете го. Уште еднаш згответ. Додајте бибер и капар. Сосот зачинете го со бибер и сол.
  4. Послужете со салата и варен компир како прилог.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула