АКО САКАТЕ ДА ОСЛАБЕТЕ: Овие 5 намирници не смеете да ги јадете по 19 часот!

АКО САКАТЕ ДА ОСЛАБЕТЕ: Овие 5 намирници не смеете да ги јадете по 19 часот!

Со конзумирање на овие намирници после 19 часот, тотално ќе ги упропастите ефектите од тренинзите и плановите за слабеење!

1. Пржени компири

Масната, тешка храна е богата со калории и маснотии, но и тешко паѓа на желудникот, па потребно е повеќе време за да се свари, поради што наутро ќе се чувствувате уморно, односно ненасипиено. Ако доцна вечер сте гладни, наместо калорична, масна храна како пржени компирчиња изберете мал сендвич со пилешко.

2. Црвено месо

Како и масната храна, и црвеното месо тешко паѓа на желудникот поради што поголема е веројатноста да не можете да заспиете. Црвеното месо е најлош избор, но и голема порција пилешко или свинско ќе има ист лош ефект. Не морате во целост да избегнувате протеини, само внимавајте да јадете месо во помали количини.

3. Лута храна

Уживањето во лута храна по 19 часот може да ве чини добар сон. Освен тоа (пре)зачинетата храна создава некој вид корозија во желудникот и често предизвикува надуеност и пореметување во варењето.

4. Тестенини

Тестенините се едни од најкалоричните јаглехидрати, па така во една порција можеме да конзумираме дури 400 и повеќе калории, а тие најмногу се собираат во пределот на стомакот. Тестенината ќе направи помала штета ако ја конзумирате порано во текот на денот.

5. Чоколадо

Не само што чоколадото е полно со калории и шеќер, туку содржи и кофеин кој може да предизвика немирен сон. Чоколадото не не прави сити, па така ако ви се јаде чоколадо, не мора да значи дека сте гладни, туку дека едноставно имате потреба за слатки. Подобар избор ќе биде топол чај или чаша чоколадно млеко.

Повеќе на Готви.мк:

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Диетален појадок што ќе ве држи сити

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Како да ослабете според хороскопскиот знак?