Пилешко во пикантен сос од вино

Пилешко во пикантен сос од вино

Ова пикантно јадење послужете го со ориз и свежа салата.

Состојки:

  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 лажица лук
  • 1,5 кг пилешко бело месо (исечено на парчиња)
  • 1 лажица мелен пипер
  • 200 гр кафеав шеќер
  • 200 мл црно вино
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Загревајте масло на умерена темпратура. Исечканиот лук испржете го додека не омекне, а потоа додајте го пилешкото. Месото пржете го околу 10 минути додека не биде печено од двете страни.
  2. Исцедете го вишокот масло од тавата. Преку пилешкото посипете пипер и кафеав шеќер, па прелијте со вино. Поклопете и оставете да се крчка 15-20 минути. Повремено преливајте го месото со сос од вино и посолете и побиберете по вкус.
  3. Послужете со ориз и свежа салата.

Добар апетит!

Прочитај и:

ВИДЕО: Брзи готварски трикови за совршени тестенини

Направете домашен песто сос со тестенини

Совет: Не ја фрлајте, искористете ја водата во која варите тестенини

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

ВИДЕО: Шпагети aлполи

Италијанско предјадење за цело семејство

Ориентални шпагети

Медитерански фусили

Јуфки трио формаџо