ВАЖНА Е ИСХРАНАТА! Четири намирници кои го намалуваат потењето

ВАЖНА Е ИСХРАНАТА! Четири намирници кои го намалуваат потењето

Иако во борбата со оваа непријатна појава најчесто помош бараме во козметички препарати, решението лежи во промена на животните навики.

Една од нив е и исхраната, а ние ви откриваме кои намирници најдобро помагаат во намалување на потењето.

И покрај редовната хигиена и користење на дезодоранси и парфеми, нашето тело секако се поти и станува лепливо, во зависност од околностите. Во продолжение прочитајте која храна најмногу помага во борба против потење.

1. Храна богата со влакна како шумско овошје, јаткасти плодови, лиснато зелен зеленчук и цели житарици.

2. Црвеното месо заменете го со риба, бидејќи лососот и сардината содржат големи количини калциум кој помага при намалување на потењето. Позитивно делување имаат и портокалот и брокулите.

3. Ним е позната индиска билка која ефикасно помага кај потењето бидејќи е силен антиоксиданс. Во шолја врела вода додајте малку прав ним и измешајте. Доколку вкусот ви е горчлив, додајте малку мед и лимон.

4. Маслиновото масло користете го како единствен додаток во салатите и јадењата, тоа изобилува со антиоксиданси и полесно се вари од останатите масла. Избегнувајте маргарин и сончогледово масло при подготовка на јадења.

Повеќе на Готви.мк:

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Диетален појадок што ќе ве држи сити

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Како да ослабете според хороскопскиот знак?