ИНТЕРЕСНО ПРЕДЈАДЕЊЕ: Подгответе сончоглед салата

ИНТЕРЕСНО ПРЕДЈАДЕЊЕ: Подгответе сончоглед салата

Ако ви здосадија салатите кои секојдневно ги подготвувате, пробајте ја оваа интересна салата со сончоглед.

Состојки:

  • 4 варени јајца
  • 200 гр сува сланина
  • 200 гр шунка
  • 200 гр сончоглед
  • 1 чаша павлака
  • 3 лажици мајонез
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка сечкан магдонос
  • 1/2 лажичка бибер

Начин на подготовка:

  1. На сува тефлонска тава препечете ги семињата сончоглед, благо да поруменат од сите страни.
  2. Во сад изрендајте шунка, додајте ситно сечкана сланина, изрендајте јајца, додајте сончоглед, павлака и мајонез.
  3. Сите состојки соединете ги, па посолете и побиберете и додајте сечкан магдонос.
  4. Оставете ја салатата на студено место да се соединат вкусовите. Послужете и уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

Англиски погачици со чедар – ќе ги правите во секоја прилика

Полнети тиквички по најдобар рецепт

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text