ЖЕНИТЕ ЌЕ ГИ ОБОЖАВААТ: Направете палачинки кои НЕ ДЕБЕЛЕАТ!

ЖЕНИТЕ ЌЕ ГИ ОБОЖАВААТ: Направете палачинки кои НЕ ДЕБЕЛЕАТ!

Палачинките се омилен десерт за многу луѓе, но жените често ги избегнуваат за да не се соочат со вишок килограми.

Поради тоа пронајдовме рецепт за палачинки кои се еднакво вкусни, но не дебелеат!

Состојки:

  • 1/2 чаша овесни снегулки
  • 1/2 чаша кокосово брашно
  • 1/2 чаша просо
  • прстофат сол
  • 1 лажица шеќер или мед
  • 1/2 кесичка прашок за пециво или лажица сода бикарбона
  • 1 лажица безглутенско брашно
  • 2 јајца
  • 2 дл млака вода
  • 1 лажица масло

Начин на подготовка:

  1. Овесот, кокосот и просото сомелете ги во млин за кафе. Нека овесните снегулки бидат сомелени како просото и кокосот. Соединете ја масата со останатите намирници. Оставете ја смесата за палачинки да отстои 15 минути во фрижидер.
  2. Во тава загрејте масло, а при ставање од смесата внимавајте да не земате преголема количина за палачинките да не бидат дебели.
  3. Печете ги од двете страни додека не поруменат.
  4. За прелив можете да го ставите омилениот намаз.

Уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

Мајката на Јелена Крлеуша: Еве како конечно ја победив зависноста од храна!

Адријана Лима открива: Рецепт за утринско смути и совети за диета

Ким Кардашијан откри како ослабе 15 килограми за 2 месеци

Цеца со нов албум, а ние ви откриваме што јаде за да има таква линија

Кои се омилените јадења и пијалоци на Енрике Иглесијас?

ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса

singlepost_text