Чоколадна мус торта

Чоколадна мус торта

Кремасто чоколадно уживање во секој залак…

Состојки:

  • 300 гр чоколадо за готвење, искршено
  • 150 гр путер
  • 5 јајца
  • 50 гр шеќер
  • какао во прав

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 180 степени. Ставете хартија за печење во калап за торти.
  2. На пареа растопете чоколадо и путер.
  3. Разматете шеќер и јајца додека не добиете пена со светла боја.
  4. Растопеното чоколадо додајте го во јајцата и добро измешајте.
  5. Ставете ја смесата во калап за печење и печете во рерна околу 20 минути.
  6. Почекајте да се излади, извадете ја од калапот и посипете ја со какао во прав.

Уживајте!

 

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта