ЗАВОДЛИВ ДЕСЕРТ: Палачинки со кокос и бело чоколадо

ЗАВОДЛИВ ДЕСЕРТ: Палачинки со кокос и бело чоколадо

Овие кремасти палачинки привлекуваат со својот мирис…

Состојки:

  • 100 мл слатка павлака
  • 150 гр бело чоколадо
  • 1/2 шолја кокосово брашно
  • 1 рака бадеми
  • 300 мл млеко
  • 250 гр брашно
  • 2 јајца
  • 200 мл минерална вода
  • сол
  • шеќер

Начин на подготовка:

  1. Од јајца, млеко, минерална вода, брашно, прстофат сол и шеќер подгответе смеса за палачинки.
  2. Додека смесата отстои, подгответе крем од бело чоколадо и слатка павлака така што ќе растопите чоколадо на пареа, а на крај ќе додадете павлака и добро ќе измешате.
  3. Пред печењето, во смесата за палачинки додајте малку кокосово брашно.
  4. Печете и внимавајте кокосот да не загори.
  5. Извадете палачинки, премачкајте со крем и посипете со сечкани бадеми и кокосово брашно.

Уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса

ВИДЕО: Направете шеќерна паста за депилација

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

 

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*