СЕ ПРАВАТ ЗА 20 МИНУТИ: Неодоливи чоколадни топчиња со ликер кои ќе ги обожавате!

СЕ ПРАВАТ ЗА 20 МИНУТИ: Неодоливи чоколадни топчиња со ликер кои ќе ги обожавате!

Ниту еден љубител на чоколадо нема да одолее на овие чоколадни топчиња…

Состојки:

  • 600 гр млечно чоколадо, искршено на парчиња
  • 150 гр чоколадо за готвење
  • 2 лажици шеќер
  • 5 дл слатка павлака
  • 0,6 дл ликер (по желба)
  • 2 лажици путер
  • 150 гр шеќер во прав
  • 100 гр какао
  • 150 гр чоколадо за готвење (за декорација)

Начин на подготовка:

  1. Двата видови чоколадо, шеќерот и слатката павлака растопете ги на пареа. Тргнете го садот од оган, па додајте ги ликерот и путерот.
  2. Смесата прелијте ја на послужавник, покријте со пластична фолија и ставете ја во фрижидер на еден час, додека стврдне.
  3. Од изладената смеса обликувајте топчиња и повторно ставете ги во фрижидер.
  4. Шеќерот во прав и какаото измешајте ги. Чоколадото растопете го и оставете го неколку минути да се излади. Топчињата прво натопете ги во чоколадо, а потоа во шеќер и какао.

Уживајте!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Ќе ве врати во детството: Омилениот десерт на сите генерации

Десерт готов за 20 минути

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*