И ВКУСНО И ЛЕКОВИТО: Еве како да направите џем од суво овошје

И ВКУСНО И ЛЕКОВИТО: Еве како да направите џем од суво овошје

Испробајте го овој рецепт и на едноставен начин зајакнете го имунитетот.

Состојки:

  • 300 гр ореви
  • 300 гр суви кајсии
  • 300 гр смокви
  • 300 гр суви сливи
  • 300 гр суво грозје
  • 2 шолји мед
  • 2 лимони

Начин на подготовка:

  1. Добро измијте го сувото овошје во топла вода и оставете го малку да се исуши. Исечкајте го сувото овошје на ситни парчиња.
  2. Измешајте ги сите видови суво овошје со лимон (отстранете ја кората и семките) и ставете ги сите состојки во блендер.
  3. Добиеното сушено овошје и лимонот изблендирајте ги добро со мед и смесата ставете ја во стаклена тегла. Теглата со џем ставете ја во фрижидер.
  4. Ден подоцна, вкусниот џем може да се јаде. Земајте по една лажичка помеѓу оброци 2-3 пати дневно.

Повеќе рецепти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*