Подобрете го варењето и ослабете: Здраво смути кое ќе ве врати во форма

Подобрете го варењето и ослабете: Здраво смути кое ќе ве врати во форма

Започнете го денот со здраво смути од билно млеко и овошје кое ќе го регулира варењето, но и вишокот килограми.

Празничниот зимски период ви помина со семејни и пријателски собири. Некои можеби претерале со  храната и пијалаците, затоа ви предлагаме едно вкусно смути кое помага при слабеење.

Состојки:

  • 1 чаша бадемово млеко (или нискокалорилен јогурт)
  • 2 ситно сечкани смокви
  • 2 ситно сечкани суви сливи
  • 2 лажици чиа
  • 1 лажица ленено семе
  • малку цимет
  • мед и бадеми по желба

Начин на подготовка:

  1. Подготовката е многу едноставна. Во блендер изблендирајте ги сите состојки. Започнете го денот со оваа напивка, а препорачливо е по конзумацијата да испиете чаша вода.

Повеќе на Готви.мк:

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

10 „убијци“ на вишокот калории

Ако појадувате ќе ослабете и ќе го забрзате метаболизмот – Еве како

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате

Кое е омиленото јадење на принцот Чарлс?