ПРСТИ ДА ИЗЛИЖЕШ: Тестенините со овој сос се ФАНТАЗИЈА

ПРСТИ ДА ИЗЛИЖЕШ: Тестенините со овој сос се ФАНТАЗИЈА

Ако сакате деликатес, ви нудиме тестенини со супер сос кој дава одлична арома. Со оглед на тоа дека тестенини се едни од најчестите јадења, ретко се случува да немаме пробано некој рецепт за нив, но верувајте, овој е посебен.

Состојки:

  • 1 кесе шпагети
  • 3 домати
  • 3 лажици маслиново масло
  • 250 гр моцарела
  • 50 гр пармезан
  • 2 лукчиња
  • ½ лажици буковец
  • ½ шолји босилек
  • сол и бибер

Подготовки:

  1. Шпагетите се варат во солена вода со масло на вообичаен начин. Кога ќе бидат готови, исцедете ги и ставете ги назад во тенџерето.
  2. Во тава со хартија наредете ги доматите сечени на кругови, ставете маслиново масло, ставете рендани моцарела и пармезан, и оставете се да се запече десетина минути на 180 степени.
  3. Во тава се пржат лукот и босилекот со буковецот, па се става оваа смеса врз шпагетите.
  4. Се ставаат и доматите на чинија, се ставаат шпагетите врз нив, а сосот врз шпагетите. Уживајте.

Повеќе на Готви.мк:

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетален појадок што ќе ве држи сити

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате

Кое е омиленото јадење на принцот Чарлс?