Домашно чоколадо со пуканки и кикирики

Домашно чоколадо со пуканки и кикирики

Лесни пуканки и вкусни кикирики во чоколадо ќе ве остават без здив.

Состојки:

  • 350 гр чоколадо за готвење
  • 50 гр пуканки
  • 70 гр кикирики
  • прстофат сол

Начин на подготовка:

  1. Обложете правоаголен сад со хартија за печење. Растопете чоколадо на пареа околу 4 минути, додека не добиете глатка смеса. Тргнете го од оган и додајте пуканки, кикирики и сол. Мешајте ја смесата додека кикириките и пуканките целосно не се прекријат со чоколадо.
  2. Ставете ја смесата во подготвениот плех и обликувајте правоаголник. Ставете во фрижидер најмалку 30 минути, да се излади и зацврсти.
  3. Искршете на помали парчиња и чувајте го во фрижидер, во сад кој не пропушта воздух. Овој десерт може да стои најмногу пет дена.

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Нема веќе стоење до шпорет – Колач без печење, совршен за горештините

Чоколадно чудо: Брз и вкусен колач со едно јајце

Најбрзиот колач на светот: Измешајте брашно и сладолед и ќе добиете колач за 5 минути

ВИДЕО: Трикови за печење колачиња кои ќе ги пробате веднаш

Овошен колач со јагоди

Колач со печени јаболка