Австриски палачинки

Австриски палачинки

Палачинки филувани со сирење и суво грозје.

Состојки за палачинки:

  • 250 гр брашно
  • 3 јајца
  • 500 мл млеко
  • малку сол
  • 1 лажица шеќер
  • 1/2 лажичка рендана кора од лимон
  • 3 лажици путер
  • 100 гр суво грозје во рум

Состојки за фил:

  • 250 гр сирење
  • 75 мл млеко
  • 2 лажици мед
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • неколку листови нане

Начин на подготовка:

  1. Замесете глатко тесто од брашно, млеко, сол, шеќер, кора од лимон. Путерот загрејте го во тава и на него печете ги палачинките една по една. Пред да ги свртите палачинките посипете ги со лажица суво грозје во рум, па испечете од другата страна.
  2. За филот измешајте сирење со мелко, мед, ванилин шеќер. Измешајте го и останатото суво грозје.
  3. Палачинките премачкајте ги со добиената маса, свиткајте ги и сервирајте ги на чинии. Украсете со листови нане.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса

ВИДЕО: Направете шеќерна паста за депилација

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

 

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*