НЕМА ПЕЧЕЊЕ, ГОТОВА ЗА 15 МИНУТИ: Торта со крем банани

НЕМА ПЕЧЕЊЕ, ГОТОВА ЗА 15 МИНУТИ: Торта со крем банани

По постот сите сакаме да направиме оброци и десерти кои се многу вкусни. Ако сакате да го израдувате семејството со десерт, а секако да не потрошите многу време на нозе во кујната, ви нудиме чоколадна торта готова за 15 минути. Вкусот е одличен.

Состојки:

  • 200 гр бисквити
  • 200 гр чоколада за готвење
  • 1 лажица ванила
  • 100 мл млеко
  • 5 крем банани

Подготовка:

  1. Бисквитите се кршат, крем бананите се сечат, па во тенџере на оган се топи чоколадата во млекото. Се додава и ванилата во садот.
  2. Во растопената чоколада тргната од оган се ставаат и бисквитите и крем бананите, па се се меша.
  3. На плех се става рамномерно смесата и се тапка, па се става во ладилник и по 1 до 2 часа имате деликатес.

Повеќе на Готви.мк:

БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта

Корисен совет: Како да ги освежите и исчистите сунѓерите и џогерот

Дамки од црвено вино на тепихот? Исчистете ги за миг

Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи

 

 

singlepost_text