Никој нема да им одолее – Ќофтенца во сос од домати и пармезан

Никој нема да им одолее – Ќофтенца во сос од домати и пармезан

Овој вкусен рецепт ни го испраќаат Соња и Бојан Димитровски. Едноставно се прави, а комбинацијата на вкусови е фантастична. Идеално за семејните ручеци, а особено за вечерни викенд дружења со пријателите. Еве го нивниот рецепт:

Состојки за подготовка на ќофтенцата:

  • 1 кг јунешко или мешано мелено месо
  • 2 јајца
  • кромид
  • лук
  • презла
  • магдонос
  • зачини
  • маслиново масло за готвење
  • 80 – 100 гр пармезан

Состојки за сос:

  • доматно пире
  • салца
  • томато сос
  • маслиново масло
  • оригано
  • 1/2 чаша вода
  • лук

Начин на готвење:

  1. Измешајте ги состојките и направете смеса за ќофтиња.
  2. Обликувајте ги во форма на бомбици и убаво поминете ги од сите страни низ тањир со брашно.
  3. Пржете ги во сад со масло за готвење само додека да фатат број од сите страни. Немојте долго да ги пржите
  4. Во посебно тенџере ставете ги сите состојки за сос. Измешајте и додадете ги пропржените ќофтенца.
  5. Ставете го тенџерето на тивок оган да се крчка помеѓу 2 до 3 часа.
  6. Сервирајте го топло, одозгора посипано со многу пармезан.
  7. Можете да комбинирате со пире или друг прилог по желба и вкус.

Bon Apetit 🙂

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Рецепт за вистински пица деликатес

Летен појадок кој ќе го правите секој ден

Полнети печурки – лесен рецепт кој сите ќе ви го бараат

Палачинки за гурмани

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Крем чорба од тиква и компири

Деликатес во кујната: Компир на поинаков начин

Мусака со печурки

singlepost_text