Овој вкусен рецепт ни го испраќаат Соња и Бојан Димитровски. Едноставно се прави, а комбинацијата на вкусови е фантастична. Идеално за семејните ручеци, а особено за вечерни викенд дружења со пријателите. Еве го нивниот рецепт:
Состојки за подготовка на ќофтенцата:
- 1 кг јунешко или мешано мелено месо
- 2 јајца
- кромид
- лук
- презла
- магдонос
- зачини
- маслиново масло за готвење
- 80 – 100 гр пармезан
Состојки за сос:
- доматно пире
- салца
- томато сос
- маслиново масло
- оригано
- 1/2 чаша вода
- лук
Начин на готвење:
- Измешајте ги состојките и направете смеса за ќофтиња.
- Обликувајте ги во форма на бомбици и убаво поминете ги од сите страни низ тањир со брашно.
- Пржете ги во сад со масло за готвење само додека да фатат број од сите страни. Немојте долго да ги пржите
- Во посебно тенџере ставете ги сите состојки за сос. Измешајте и додадете ги пропржените ќофтенца.
- Ставете го тенџерето на тивок оган да се крчка помеѓу 2 до 3 часа.
- Сервирајте го топло, одозгора посипано со многу пармезан.
- Можете да комбинирате со пире или друг прилог по желба и вкус.
Bon Apetit 🙂
Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:
Рецепт за вистински пица деликатес
Летен појадок кој ќе го правите секој ден
Полнети печурки – лесен рецепт кој сите ќе ви го бараат
ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин