Рецепт за кој сите зборуваат: Супер едноставна торта од банани и бисквити

Рецепт за кој сите зборуваат: Супер едноставна торта од банани и бисквити

Едноставна, превкусна и сјајна! Ви донесуваме рецепт за тортка за која сите зборуваат…

Состојки:

  • 450 гр мелени бисквити
  • 250 гр мелени ореви
  • 1,5 кг банани
  • 4 жолчки
  • 250 гр шеќер во прав
  • 250 гр путер
  • 100 гр чоколадо за готвење
  • 3 дл слатка павлака
  • 2 дл сок од портокал
  • сок од еден лимон

Начин на подготовка:

  1. Мелените бисквити прелијте ги со сок од портокал и добро измешајте.
  2. Посебно разматете путер, шеќер во прав и жолчки.
  3. Додајте натопени бисквити, мелени ореви и мешајте додека не добиете компактна смеса.
  4. Подготвената смеса поделете ја на два дела.
  5. Во калап за торта обложен со фолија распоредете половина од филот со бисквити.
  6. Бананите пропрскајте ги со сок од лимон и наредете ги преку филот.
  7. Во другиот дел од филот со бисквити додајте растопено чоколадо и добро измешајте. Потоа распоредете го преку бананите и израмнете.
  8. Слатката павлака разматете ја во цврст шлаг и премачкајте ја тортата.
  9. Готовата торта ставете ја во фрижидер да стегне, а потоа извадете ја од калапот.

Уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта

Корисен совет: Како да ги освежите и исчистите сунѓерите и џогерот

Дамки од црвено вино на тепихот? Исчистете ги за миг

Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*