Баклава со мак – Неодолив вкус, а едноставен рецепт

Баклава со мак – Неодолив вкус, а едноставен рецепт

Петранка Цветкоска нѝ испраќа оригинален и многу вкусен рецепт за баклава со мак. Подготовката нема да ви одземе премногу време, а резултатот ќе биде среќно семејство собрано околу трпезата. И секој ќе побара репете 🙂

Еве го рецептот:

Состојки:

  • 1/2 кг кори за баклава
  • 200 гр шеќер
  • 200 мл кисела вода
  • 250 гр масло за готвење
  • 100 гр мак
  • 1/2 прашок за печиво

Состојки за шербет:

  • 400 мл вода
  • 500 гр шеќер

Начин на подготовка:

  1. Шеќерот, киселата вода, маслото за готвење, макот и прашокот за печиво се мешаат заедно.
  2. Во подмачкан плех се редат 4 кори и се пропрскуваат со филот.
  3. Потоа се реди кора по кора, секоја пропрскана и филувана.
  4. Најодозгора се завршува со редење на 4 кори, се сече и се става баклавата да се пече.
  5. Откако ќе биде испечена, баклавата се вади и се остава целосно да се олади.
  6. Во меѓувреме го подготвуваме шербетот. Состојките ги ставаме во тенџере да зовријат. Откако ќе почне да врие, оставаме да врие околу 20 минути, односно додека да се згусне.
  7. Целосно оладената баклава ја попаруваме со врелиот шербет.

На здравје!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*