Урнебес топчиња

Урнебес топчиња

Ова пикантно предјадење е многу декоративно и убаво ќе ја украси вашата трпеза.

Состојки:

  • 500 гр полномасно овчјо или кравјо сирење
  • 10 печени пиперки
  • 5 печени лути пиперчиња
  • 6-7 чешниња лук
  • 1 лажица кајмак
  • 1 лажичка пипер
  • 3 варени жолчки
  • малку масло

Начин на подготовка:

  1. Во поголем сад за матење добро изгмечете сирење. Печените пиперки и лути пиперчиња, излупете ги и исчистете ги од семки. Измелете ги ситно во блендер и додајте сирење.
  2. Лукот изгмечете го, па и него додајте го сирењето и пиперките. Жолчките изгмечете ги заедно со кајмак, па додајте ги пиперките. Се добро измешајте, додајте малку масло и измешајте уште еднаш.
  3. Формирајте топчиња и оставете ги во фрижидер барем 3 часа пред послужување.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк

ВИДЕО: Топ 5 рецепти со јајца во Дубаи

ВИДЕО: Како да зготвите печени јајца на Шкотски начин

Печен спанаќ со јајца

ВИДЕО: Нема повеќе печење или пржење јајца, туку…

ВИДЕО: Готварски трик – како одеднаш да излупите 3 варени јајца

 

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*