Ова мора да го има на бадниковата трпеза – обичаи за празникот

Ова мора да го има на бадниковата трпеза – обичаи за празникот

Бадник се прославува ден пред Божик и претставува последен и најстрог ден на божикниот пост, како и голема среќа, бидејќи претходи на денот на Исусовото раѓање.Бадник името го добил по гранка од даб – бадник која се сече на тој ден, се внесува дома и се пали. Постојат разни обичаи кои се поврзуваат за овој ден, малку од нив се одржале до денес.

Трпезата на Бадник е исклучиво посна и најчесто се подготвуваат риба, подварок или грав, со салата од зелка или компир. Во некои краеви на Србија, за ручек се пие и чаша црно вино со семе од дрен, за среќа и радост во текот на цела година.

Средината на масата, традиционално се украсува со плетена кошница полна со житарици и сушено овошје. Обичајот за сечењето на бадното лепче се поврзува со витлеемските пастири. Тие, на знакот на Ѕвездата дека се родил Исус Христос Спасителот, насекле гранки од бадник и ги однеле во пештерата да запалат оган и да го стоплат бебето Исус и неговата мајка.

Повеќе на Готви.мк:

Деликатес во кујната: Компир на поинаков начин

Тазе домашен леб

Полнет запечен леб

Домашниот леб на мајче Вера

Домашен леб со маслинки

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Мусака со печурки

Мусака со карфиол и мисиркино месо

 

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*