Рецепт за пифтија

Рецепт за пифтија

Традиционалното, пикантно предјадење е неизоставен дел од празничната трпеза.

Состојки:

  • 1 – 1,5 кг свински нозе и уши
  • 300 гр рибица
  • 1 лист ловор
  • зрна бел бибер
  • 1 корен першун
  • пашканат
  • 2-3 моркови
  • 1-2 кругови лимон
  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Во поголемо тенџере ставете го месото, налијте го со студена вода, и ставете го на оган да зоврие. Оставете да врие додека не избие пена. Кога пената веќе нема да избива, ставете ловор, бибер, лимон, кромид, лук, сол. Гответе 4-5 часа.
  2. Месото треба да се готви додека коските не почнат сами да се одвојуваат. Готово е кога ќе испари половина од водата.
  3. Тргнете го од оган и оставете го малку да се излади, а потоа внимателно соберете ја маста која плива по површината на чорбата. Потоа процедете ја чорбата. Месото распоредете го во чинии, преку ставете од чорбата. По желба додајте сечкан лук.

Повеќе поврзани рецепти на Готви.мк

Гурманска домашна плескавица

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

Замена за пржење: Еве како да подготвите крцкав помфрит во рерна

Топ 10 неверојатно вкусни Gotvi.mk рецепти со компири

Направете домашен песто сос со тестенини

Совет: Не ја фрлајте, искористете ја водата во која варите тестенини

Италијанско предјадење за цело семејство

Ориентални шпагети

Медитерански фусили

Јуфки трио формаџо