Богат и сочен намаз од маслинки

Богат и сочен намаз од маслинки

Крцкав тост леб намачкан со овој намаз е идеално предјадење!

Состојки:

  • 200 гр крем сирење со зачини
  • 20 црни маслинки
  • 100 гр свеж или сушен домат во масло
  • 200 гр кисела павлака
  • прстофат шеќер
  • сол
  • бибер
  • 1 чешне лук
  • зачини по вкус

Начин на подготовка:

  1. Во сад ставете го зачинетото крем сирење и киселата павлака и матете со миксер додека не стане кремасто и глатко.
  2. Маслинките исчистете ги, преполовете ги, извадете ги коските и исечете ги на ситни парчиња, доматите измијте ги, исчистете и исечете ги на коцки, а лукот исечкајте го што поситно.
  3. Маслинките, доматот и лукот измешајте ги во крем сирењето, Посолете, побиберете, додајте шеќер, додајте зачини, украсете со лист мента и сервирајте.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Неверојатен рецепт со кој може да ги оставите цигарите

Храна која задолжително треба да ја консумираат пушачите

Зошто не смеете да запалите цигара веднаш по јадењето?

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Диетален појадок што ќе ве држи сити

 

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*