Новата 2017 да ја почнеме со вкусни и нови рецепти, кои ќе го собираат целото семејство на трпеза. За радосни моменти во вашиот дом. Ви нудиме лазања со црвено вино која е неверојатно и неповторливо доживување.
Состојки:
- 400 гр лазањи
- 500 гр мелено месо
- 500 гр доматен сос
- 500 мл црвено вино
- 1 кромид
- 3 лукчиња
- зачини
- 3 лажици брашно
- 600 мл млеко
- 25 гр путер
- малку пармезан
Подготовка:
- На масло се пржи кромидот со меленото месо, па се додава доматниот сос, виното и зачини, вегета, бибер, сол, оригано…по желба. Се става и лукот и се убаво се динста околу половина час.
- Настрана го правиме бешамел сосот со путерот, брашно и млеко на вообичаен начин.
- Лазањите се ставаат во врела вода, па по 5 минути во ладна, па се редат во тава.
- На лазањите се става прво бешамел, па сосот со црвено вино.
- Се повторува додека има смеса.
- Се пече на 180 степени 50 минути.
- Одозгора се ренда пармезан по желба и се пече уште десетина минути.
- Послужете со чаша црвено вино.
Како да ослабете според хороскопскиот знак?
Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате
Кое е омиленото јадење на принцот Чарлс?
Добра идеја – Фотографирајте храна на Instagram и бесплатно јадете каде сакате
ФОТО: Ѕирнете во Eqvita – ресторанот за здрава храна на Новак Ѓоковиќ
ВИДЕО: Драјв маркет – погледнете како ќе изгледа маркетот на иднината