ДЕСЕРТ БЕЗ ШЕЌЕР: Кекс со кикирики и чоколадо

ДЕСЕРТ БЕЗ ШЕЌЕР: Кекс со кикирики и чоколадо

Вкусот на овој десерт ќе ве воодушеви!

Состојки:

  • 50 гр брашно
  • 50 гр интегрално брашно
  • 50 гр мелено ленено семе
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 1 јајце
  • 5 лажици јаворов сируп
  • 125 гр путер од кикирики со парчиња кикирики
  • 50 гр (или повеќе) парчиња темно чоколадо

Начин на подготовка:

  1. Измешајте ги сите суви состојки, освен чоколадото, додајте ги останатите, па со миксер соединете.
  2. Направете топчиња и наредете ги во плех обложен со мрсна хартија. Притиснете ги врвовите на топчињата со вилушка како би добиле интересен релјеф, па со раце направете облик на круг.
  3. Печете на 180 степени од 10 до 15 минути, додека кексот не стврдне, а потоа извадете го и оставете го на метална решетка да се излади.

Послужете и уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

Деликатес во кујната: Компир на поинаков начин

Тазе домашен леб

Полнет запечен леб

Домашниот леб на мајче Вера

Домашен леб со маслинки

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Мусака со печурки

Мусака со карфиол и мисиркино месо

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*