„Одеднаш“ на Asli Özge во кината низ Македонија

„Одеднаш“ на Asli Özge во кината низ Македонија

Првиот германски филм „Одеднаш“ на талентираниот турски режисер на „Човек на мостот“ и „Доживотно“, Asli Özge е одважен, имагинативен и имресивен како неговите претходни достигнувања.

Во средиштето на мистичната психолошка драма со експертска комбинација на неизвесност неспокојост, социјална сатира и етичка анализа се наоѓа Karsten (Hülk), популарен млад професионалец во мирно мало место, чиј живот почнува да се отплеткува по смртта на една жена која умира во мистериозни околности во неговиот стан по импровизирана забава. Што точно се случува? Всушност, која е мртвата жена? Верната девојка на Even Karsten, Laura (Jentsch) е вчудоневидена од текот на настаните. Силното, елегантно структурираното сценарио на Özge е проткаено со силни, но нијансирани прикази, со силни, експресивни изведби на камерата.

Дејството во филмот „Одеднаш“ започнува со драматичен и трагичен настан. Понатаму сме сведоци на репрекусии врз животот на протагонистот Karsten, чиј живот одеднаш се поставува поинаку. Да, филмот не држи во мистика за некои работи кои се одвиваат во неговата глава како што минува низ нив. Постојано се јавува аура на мистерија со што следењето нафилмот станува непријатно.

Во филмот се појавува режисерот Asli Özge како прв карактер кој зборува на доста интересен германски јазик. Има голем број елементи кои треба да се откријат кои одат надвор од клишеата на жанрот трилер, иако филмот беше прикажан на Филмскиот фестивал во Лондон во сегментот на трилери.

„Одеднаш“ беше премиерно прикажан на 10 октомври на Филмскиот фестивал во Лондон 2016, на Британскиот филмски институт. Во кината во Македонија филмот се прикажува од 5.1.2016 година.

singlepost_text